Познати причините зошто Јапонците седат на под кога јадат - неколку причини зошто и вие да почнете
Јапонците се паметни луѓе, со богата култура и традиција, па мора да има добра прилина и за ова, ако не и повеќе од една.
Додека седите, опуштено, на трпезариската маса може да биде многу пријатно, тоа не е најдоброто нешто за вашето здравје. Поминуваме многу од нашето време седејќи на работа и се враќаме дома додека седиме во автомобил или во јавен превоз, за да се најдеме повторно како да седиме на вечера. Но, повеќето јапонски семејства имаат оброци додека седат на подот и најверојатно нема да најдете столови, дури ни во ресторани со 5 везди во Јапонија. Еве ги и причините зошто.
1. Помага при варење.
Кога седите на подот со скрстени нозе и јадете, без напор правите јога истовремено. Оваа положба на свитканинозе се нарекува „лесна“ поза или сукасана и се верува дека го зголемува протокот на крв во стомакот, помагајќи ви лесно да ја варите храната и да добиете најмногу витамини и хранливи материи. Кога ќе се наведнете напред за да земете храна од чинијата, а потоа да се вратите на почетната позиција за да ја проголтате, ги зајакнувате мускулите во стомакот, што, пак, може да спречи надуеност.
2. Може да ви помогне да изгубите тежина.
Седењето на подот додека јадете му помага на вашиот вагусен нерв да функционира подобро. Кога вашиот дигестивен систем ослободува хормон наречен лептин, тој испраќа сигнал до вагусниот нерв дека сте сити, а правилната функција на овој нерв може да спречи прејадување.
3. Ве прави пофлексибилни.
Ако седите премногу долго на стол тоа може да предизвика повреда на грбот и на крајот да ги затегнете дисковите во ‘рбетот, седејќи на подот ги истегнувате колената и колковите. Бидејќи оваа позиција ви помага да седите исправени, ве спречува да се превиткувате и ги прави грбот и рамената посилни.
4. Може да ви помогне да живеете подолго.
Ако лесно можете да се кренете од позиција со прекрстени нозе, без никаква поддршка, големи се шансите да живеете подолго. По се изгледа дека, седејќи на подот додека јадете и станувате неколку пати на ден е еден од наједноставните начини да додадете дополнителни години во вашиот живот.
5. Ги одржува здравите зглобови.
Кога долго седите на стол, тоа ги прави колковите вкочанети. Седењето на подот, сепак, ви овозможува да ги истегнете колковите и глуждовите, правејќи ги зглобовите пофлексибилни. Некои пози на седење, како и клекнувањето, ги прават вашите мускули да работат дури и кога одмарате, бидејќи ве охрабруваат да ги активирате мускулите кои не се активни кога седите на стол.
6. Го подобрува вашето држење на телото.
Кога столчето не ви го потпира грбот, тоа ве охрабрува да ги стегнете вашите стомачни мускули, што пак е од корист на вашето држење на телото. Сепак, погрижете се да избегнувате да седите превиткани, бидејќи тоа може да доведе до болка во грбот.
7. Тоа го смирува вашиот ум.
Правењето јога додека јадете, исто така го одмора вашиот ум. Кога вашиот ум е мирен, можете да уживате во храната повеќе и да јадете само додека не сте сити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа