Нови детали за самоубиствената драма кај „Мавровка“: Позната причината поради која човекот сака да скокне

Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Репортерите на „Коха“ од местото на настанот известуваат дека скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се заканува дека ќе скокне.
Полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да го разубеди во неговата намера.
Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата.
На терен е и екипа на Брза помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









