Шилегов: Спремен сум да изработиме Закон за да се отстрани „Скопје 2014“

 

Моја идеја беше да направиме Мементо парк, каде ќе извршиме дислокација на спомениците од „Скопје 2014“ на некое посоодветно место. За моја лична среќа, јас сум единствената институција што сруши нешто од тој проект. Ние го отстранивме Ќосето кој беше сериозна политичка порака и на негово место засадивме дрво на човековите права, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Вин Вин“ на Телма.

– Не би сакал да се враќам на тоа, но социолошкиот феномен на груевизмот постои. Со Груевски се справивме, тој нема да се врати, ниту ќе се врати такво владеење и време, но навиките на размислување кај народот и очекувањата од одредени владеења сѐ уште постојат. Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај градоначалникот на Центар и министерката за култура, не ни смета да го отстраниме споменикот на Мајка Тереза. Совршено ништо. Ако постојат субјективни слабости или стравови кај определени луѓе за носење одлука која треба да се потпише, јас сум спремен да изработиме Закон за да се отстрани „Скопје 2014“, вели Шилегов.

 

27.05.2021 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега