Дезинфекција на улиците во Батинци и главниот пат кон депонијата Дрисла

За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.
„Во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.
Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот“, информираат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









