ФОТО: Скопските маркети и денеска со испразнети полици, граѓаните прават залихи на храна

По првиот регистриран случај со корона вирус, скопјани почнаа да прават залихи па ги испразнија рафтовите и на поголемите маркети.
Поради стравот од заразата граѓаните почнаа да складираат храна во домовите и да ги празнат полиците во маркетите.
Фотографијата е направена во еден од поголемите маркети во Кисела Вода.
Најчесто купувани производи се брашно, конзервирана храна, како и антибактериски марамици и сапуни.
27.02.2020 - 16:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









