Снимено НЛО на небото само неколку секунди по ерупцијата на вулканот во Мексико (ВИДЕО)

 

Мексиканскиот активен вулкан Попокатапети ја имаше својата најнова ерупција во понеделникот навечер, но таинственото, брзо светоло во близина на неговата ерупција по експлозијата предизвикало голема загриженост на социјалните мрежи.

Веб камерата на владата на Мексико која го следела вулканот и воочила нешто што изгледало како НЛО на небото, набрзо по експлозијата откако од кратерот почнало да излегува пепел.

Секако, шпекулациите за вонземјанските посетители биле многубројни, при што некои од коментаторите тврделе дека тоа не е вонземјанско летало туку некоја природна појава додека пак други биле убедени дека вистината се крие од јавноста.

„Тоа е само авион“ или „Тоа е сателит“ - биле најчестите коментари откако видеото масовно почнало да се споделува на социјалната мрежа Твитер.

Без оглед на потенцијалната вонземјанска активност или пак не, властите ја предупредиле јавноста да го избегнува тоа подрачје додека на сила е Жолтото предпредување од ниво 2.

Првобитната ерупција на вулканот почнала во околу 23 часот и 18 минути во понеделникот при што вулканот лансирал пепел високо во небото.

Втората ерупција се случила само 40 минути подоцна...

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега