Сити Мол се огласија по дојавата за бомба која предизвика паника

 

Скопје Сити Мол денеска се огласија по лажната дојава за бомба која крена вистинска паника.

- Денешната дојава за подметната експлозивна направа во просториите на трговски центар – Скопје Сити Мол е лажна, а оваа лажна дојава денес беше причина нашиот објект да биде затворен на неколку часа, додека не се применат сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер. Како трговски центар им благодариме на сите кои се дел од нашите служби со чија помош успеавме безбедно да ги евакуираме сите посетители како и вработените во продажните места, велат од Тгровскиот Центар.

Додаваат дека  Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош, кои се покажуват како реална потреба во одредени ситуации.

- Сакаме да се заблагодариме на припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош кои учествува во евакуацијата како и за решавње на целата ситуација. Истрагата е завршена, уште еднаш потврдуваме дека станува збор за лажна дојава и Скопје Сити Мол продолжува да работи со нормално работно време, велат од Трговскиот преку соопштение за јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега