Се укинуваат вонредните мерки за загадувањето на воздухот во Скопје

Од денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои и за бесплатниот јавен превоз и поскапиот паркинг, соопшти Град Скопје
Покрај ова, се укинуваат и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени во понеделникот.
– На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината, информираат од Град Скопје.
Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори загадувањето на воздухот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









