Модерните казанчиња имаат две копчиња - познато е кое за што служи

Веројатно и вие сте ги притискале двете копчиња во исто време, а ако некогаш сте се прашувале за што служи помалото, а за што поголемото, го имаме одговорот.
Имено, станува збор за два резервоари на вода во внатрешноста на казанчето, помалото служи за помалиот резервоар, а поголемото за поголемиот. Помалиот во просек држи 3-до 4,5 литри вода, а поголемиот од 6 до 9. Идејата е после мокрењето да го стиснете малото копче и да искористите помалку литри вода, а после вршењето на голема нужда да се притисне поголемото.
На овој начин се штеди потрошувачката на вода, но ја чува и животната средина.
Се покажало дека просечното домаќинство на овој начин може да заштеди и до 20 илјади литри вода на годишно ниво.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









