ФОТО: Објавени први фотографии од првородените близначиња - од Град Скопје добија штедни книшки и играчки

 

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Женското бебе е  родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.

-На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, информираат од ГАК.

Од Град Скопје двете близначиња добија штедни книшки и играчки, а Министерството за труд и социјална политика им подари пригодни подароци, а на мајката и подари златник.

– Имаме специфична ситуација, да имаме близнаци. Им посакувам многу здравје, среќа и среќно детство, а на семејството му честитам за најубавиот новогодишен подарок. Овој двоен живот за секој од нас значи двојно повеќе среќа, љубов и радост во годината што ни претстои. Убеден сум дека и градот и државата со сигурни чекори ги носат граѓаните кон подобра иднина, изјави градоначалникот Шилегов.

За министерката Царовска, близначињата значат среќна и бериќетна година, а самото тоа што првото од близначињата е девојче значи женска енергија.

– Убаво што овој ден секоја година го почнуваме со новост, а тоа се нови бебиња затоа што тие се иднината на нашата држава. Посебно сум среќна што годинава имаме близнаци и што сите заендо може да ја споделиме среќата со родителите. Првото од близначињата е девојче и очекувам 2020 година да биде супешна, позитивна и со женска енергија, изјави Царовска.

Од Министерството за здравство напоменуваат дека континуирано работат на подобрување на условите во сите родилишта низ државата.

Заменик-министерот за здравство Арменд Арслани посочи дека на Одделот на неонатологија на Клиниката за гинекологија обебедена е најсовремена апаратура со цел да се унапреди здравствената заштита и за новороденчињата и за мајките.

Во Гинекологија Чаир првото бебе е родено три минути по полноќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега