Прогласена жолтица во „Даме Груев“ во Скопје

 

Седум случаи на жолтица кај роднини и соседи во скопската населба Даме Груев, причина за прогласување на епидемија во овој дел од градот. 

-Со девет регистрирани случаи од кои седум се поврзани, прогласивме локална епидемија. Тоа не значи дополнителни противепидемиски мерки, туку поголема свест кај населението за да се заштитат, вели др. Билјана Даниловска, шеф на епидемиологија во ЦЈЗ Скопје, за Сител.

Епидемиолозите смируваат дека нема опасност од ширење на заразата во училиштето, бидејќи поминал инкубацискиот период.

-Во една од куќите на оваа улица каде има четворица заболени од хепатит А, екипа од Центарот за јавно здравје направила комплетна дезинфекција а локолното население во населбата ги информирале как ода се заштитат. Личната и колективна нехигиена според лекарите е главната причина за ширење на заразата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега