Се огласи Трајановски: Насилниците го чекале Трајковски да остане сам

Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Ова на Фејсбук го напиша поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
- Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата, напиша поранешниот скопски татко.
За потсетување, поранешниот градоначалник на Гази Баба беше нападнат додека се шетал откако се пожалил на две лица дека му е тсрав од нивното расно куче кое го шетаат без маска. Тие почнале прво расправија, па го претепале Трајковски, кој вчера беше во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









