Три лица тешко повредени во Скопје

 

Двајца пешаци и еден сопатник во патничко моторно возило биле тешко повредени во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала и исклучила од сообраќај двајца возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување моторно возило и две нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 72 возила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега