Алачки со емотивна порака: „На овој ден ми се исполни животната желба“

 

Адријана Алачки ужива да го поминува времето со своите најмили, односно ќерката, внуката и синот, а сега сподели емотивна роденденска порака.

- „Синко мој, токму на овој ден ми се исполни најголемата животна желба. Те донесов на овој свет…по многу искушенија…здрав и жив. Го слушнав твојот плач….како добредојде на овој свет. Ти го дадов името на твојот дедо Благоја кој неизмерно те сакаше, и  таа желба ми се исполни….се радував на секоја твоја насмевка….од ден во ден како растеше…секој чекор ти го следев….секоја твоја промена…јас знаев и без да ми кажеш… те израснав во сокол….сега си вистински маж….сега си свој….сега се е смешно….гази го ти животот, а не тој тебе…почитувај ти твоите квалитети и корегирај ги маните…учи се на животот….затоа што ни најмалку синку мој  не е едноставен….секој ден предизвици….секој ден е жив оган…ако не внимаваш…ќе изгориш…потсети се на што те учев со години…

Синко никогаш немој да го изгубиш во себе она што те краси, човечност и добра душа…имај секогаш почитување за секого…така и душата ќе ти биде мирна. Уживај во секој ден во животот, оти допрва ќе осетиш што е борба. Само храбрите победуваат. Оди само напред. Никогаш не се врти назад. Назад се животните лекиции кои само ти ги знаеш. Сега си во најубавото време…биди свој и горд на тоа што си…

А јас како мајка ќе се гордеам со сето она што ти ќе го создаваш и со што си. Биди и понатаму мојата радост.  Моја љубов. И дозволи ми да стареам природно. Нека овој роденден ти донесе мигови на среќа и здравје“ напиша Алачки. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега