„Гледам на него како да сум му вистински дедо“ - Кеба за одземањето на старателството на Северина врз детето

 

Драган Којиќ Кеба проговори за одземањето на старателството над синот на неговата снаа Северина Којиќ. Пејачот истакнал дека се надева дека детето повторно ќе биде со мајка му.

„Не сум видовит! Здравје Боже. ќе се реши на најдобар можен начин. Оптимист сум и се надевам дека тоа ќе биде решено“, рекол Кеба.

„Нема да се мешам во работата на судовите...Се ќе биде во ред. Јас само реков дека таа пресуда не е убава, дека детето седум и пол години беше со мајка му...По мое мислење тоа не е праведно, но сепак мислам дека ќе се реши“, рекол пејачот, а потоа додал:

„Гледам на него како да сум му вистински дедо. Тоа е дете кое не можеш да не го сакаш“, рекол Кеба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега