Изел пилешко со еден зачин и останал целосно парализиран: „Бев заклучен во сопственото тело“
Бил мускулест, активно се занимавал со спорт, добил четири деца, а еден ден изел пилешко со кинеско кари и останал целосно парализиран од глава до пети. Се верува дека токму тој зачин предизвикал ретко пореметување врз имуниот систем кај 40-годишниот Дејвид Брахам од Кардиф.
Му се слошило додека го гледал синот како игра рагби. Не ни знаел дека го чекаат денови со борба за живот во вештачка кома.
Лекарите откриле дека всушност се отрул со храна, што предизвикало ретко автоимуно пореметување, наречено Гијон-Бареов синдром.
Не можел ниту да диши, ниту да зборува, а бил на кислород четири месеци.
Дури осум месеци после оброкот кој за малку ќе го чинел живот, можел да се движи самостојно и дозволено му било краткотрајно престојување дома.
Се се одиграло многу брз, вели Брахан, инаку инструктор за возење.
„Бев буквално заклучен во сопственото тело. Беше страшно, почувствував дека сум во пеколот. Не знаев дека повторно ќе можам да ги видам своите деца и не мислев дека некогаш ќе можам да застанам на нозе“, раскажал Брахам.
Најпрво бил лекуван со антибиотици. Оваа ретка и многу опасна состојба предизвикува имуниот систем да ги нападна нервите на сопственото тело и може да биде покренато од одредени инфкеции или труење со храна.
После будењето од кома започнато било долготрајно и бавно закрепнување.
„Морав повторно да учам да се капам и да измијам заби. Три месеци ми беа потребни само да успеам да ги поместам нозете. Бев како бебе. Мојот мозок знаеше како треба некои работи да ги направам, но телото не одговараше на командите“, рекол тој.
Денес, најголема среќа му е да ги види своите деца на куп како отвораат Божиќни подароци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа