Џоли збесна: Бред Пит ги запознал децата со новата девојка
Додека дел од медиумите и понатака шпекулираат дали има вистина во гласините дека актерот се гледа со 26 години помладата колешка, еден дел јавува дека нивната врска е повеќе од сериозна.
Како што јавува новиот број на магазинот „Life & Style“, младата актерка која се прослави со улогата во познатата серија „Arrested Development“ толку го маѓепсала Бред Пит (56) што тој одлучил да направи важен чекор: Да ја запознае со своите деца.
Наводно, Анџелина Џоли (44), мајката на нивните деца и поранешна сопруга, побеснела кога слушнала дека Бред ги запознал децата со Алаја Шокет (30).
– Таа е екстремно заштитнички настроена кон нив и во нејзините очи ниту една жена нема да биде доволно добра за да им биде макеа, особено не така брзо. Бесна е – истакна извор близок на семејството.
Тој додаде дека Шокет им се допаднала на децата, особено на ќерките Шајло и Захара.
– Сите ја обожуваат Алаја, особено Шајло, која постојано зборува за тоа како таа е кул и необична. И двете имаат ист „сув“ смисол за хумор. На Захара и се допаѓа стилот на Алаја.
Дури задно планираат и женско излегување, односно шопинг по винтиџ бутици, објасни изворот.
Тој додаде дека Анџелина е надвор од себе од бес и дека дури и му се заканила на Бред дека нема да му дозволи децата со него да го поминат неговиот роденден, 18 декември, ниту Божиќ доколку Алаја биде присутна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа