Општина Чаир со финансиска помош од 12.000 евра за Албанија

 

Масовна мобилизија во Општина Чаир на помош на Албанија погодена од земјотресот. Општинскиот Совет едногласно ја усвои одлуката за финансиска помош

На вонредната седница на Советот на Општина Чаир, која ја свика Градоначалникот Висар Ганиу за дефинирање на институционална помош за местата погодени од силниот земјотрес во Република Албанија, од страна на сите присутни советници едногласно се усвои оваа одлука:

- Општина Чаир доделува 720 000 денари (12 000 евра) финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот.

Тој им се заблагодари на советниците за брзото мобилизирање и освен оваа финансиска помош, денес собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега