ФОТО: Наскоро „Воден свет“ во скопската зоолошка градина

Зоолошката градина денеска ги израдува љубителите на животните со нова убава вест. Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.
„Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете.
Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет" изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









