Сораја доби скапоцено богатство за роденденот: Додворувач и купи луксузен подарок,
Српската старлета Сораја Вучелиќ неодамна го прослави својот 33-ти роденден а за истиот потрошила вртоглави 80 илјади евра, пишуваат српските медиуми.
Од прославата собрала брдо скапоцени подароци, а со највредните се пофали и на својот Инстаграм профил.
Станува збор за скапоцен часовник кој таа го добила само неколку часа пред прославата, а истиот е од марката „Ролекс“ чија вредност е околу 65 илјади евра.
-Сораја долго го планираше својот роденден и луксузната забава, а сакаше и да ги угости сите свои пријатели во еден австриски локал. Долго го планирала роденденот, а не ни штедела пари за сето тоа, вели извор близок до старлетата.
Изворот открива и дека богат додворувач и го подарил овој скапоцен часовник а истиот бизнисмен живее во Америка.
-Покрај часовникот таа добила и честитка со порака „Дијаманти за најубавиот дијамант“, што сите ги оставило без текст, додава изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа