Темелковски за случајот во ОХИС: Граѓаните ги смирувавме преку социјални мрежи, да не се крева непотребна паника

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски вчера во емисија на телевизија Алфа порача дека не чувствувал никакви мачнини кога бил во фабриката ОХИС кога се случи излевањето на линданот од цистерната.

„Ние бевме уште во петокот утрото. Неколку часа поминав таму и немав никакви симптоми. За останатите не знам. Јас сигурно нема да си го загрозам животот од било кои причини. Јас имам фамилија, роднини, пријатели. Пред се, имате гласачи пред кои се одговорни. Граѓаните ги смирувавме преку соопштенија до медиумите, преку социјалните мрежи, за да не се крева непотребна паника“, истакна Темелковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега