Бебиситерка живеела со семејството на момче за кое се грижела, а тогаш родила бебе и настанал хаос (видео)
Мариса Муари (28) од Флорида е осудена на 20 години затвор поради злоупотреба и сексуално злоставување откако се дознало дека забременила од 11 годишно момче.
Маури се изјаснила виновна на сослушување во судот.
Работела како дадилка , кога во 2014 година имала секс со момче кое го чувала, а во тоа време таа имала 24, а момчето 11 години.
Освен тоа, таа живеела со семејството, а во октомври кога го родила бебето, семејството немало појма дека тоа е нивни внук.
Сите мислеле дека момчето на Марси е татко на бебето, па таа продолжила да живее со нив.
11- годишното момче не кажало на никој што се случило, се до 2017 година кога таа е уапсена.
Во меѓувреме се дознало дека таа го злоставувала момчето најмалку 15 пати во текот на неколку месеци.
Нејзината жртва, сега 17- годишник, ќе се појави во судот на изрекување на казната, заедно со петгодишното дете.
Најпрвин и се заканувала казна од доживотен затвор, но со признавање на вината казната е намалена.
Кога ќе биде ослободена, ќе биде регистрирана како сексуален престапник.
„Ја гледав како своја ќерка, а таа мојот син го чинеше цело детство“ рекла огорчена мајката.
Тинејџерот сега оди во средно училиште и истовремено се грижи за својот син.
Се зборува дека Мариса и претходно затруднела од друго момче, но тогаш не е поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа