Надал не успеа да ја зачува приватноста на венчавката- венчаницата на Франческа, едноставна и нежна
На венчавка на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, пристигнал и поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први. Хуан Карлос бил крал на Шпанија во периодот од 1975 до 2014 година. Тој пристигнал на луксузниот имот Форталезе во Мајорка, каде се одржа венчавката меѓу Надал и неговата девојка Франциска Перелјо.
И покрај превземените мерки за безбедност, Надал не успеа да ја зачува приватноста. Бројни светски папараци успеаа да доловат дел од атмосферата на луксузниот имот. На венчавката присуствуваа повеќе од 350 гости, а меѓу познатите гости беа фудбалерот Кристијано Роналдо, кошаркарот Пол Гасол и пејачот Енрике Иглесијас.
Невестата блескаше во венчаница на позната дизајнерка Роса Клара која е една од водечките дизајнери во Шпаија, па не е ни чудно што Фрсанциска ја одбрала токму неа.
Роса нашла инспиралија во Арт Феко стилот и се трудила да го досегне шармот и нежноста со многубројни цветни мотиви.
Интересно е дека Роса ги дизајнирала фустаните на мајката и сестрата на Надал и мајката на Франческа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа