ФОТО: Беснее пожарот на Скопска Црна Гора - Пожарникарите се борат со огнот

Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.
05.09.2019 - 20:52
Фото:
пресс24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









