Полицијата во акција низ Скопје- санкционирани над 150 возачи

 

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 31.08.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 31.08./01.09.2019 во времето од 20,00 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 46 возачи, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега