Покривот во ГТЦ го демолирал сопственик на хотел

Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар е газда на хотел во Центарот кој бил револтиран зошто не му дале тераса, јавува Сакамдакажам.мк.
- „Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во Трговскиот центар за порталот СДК.МК.
За демолирањето обелодени скопскиот градоначалник на Фејсбук.
- Зелениот кров на ГТЦ ... И сторителот !!! Нема да застанеме заради вакви “луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не !!!, напиша Шилегов.
Град Скопје во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на ГТЦ проект кој редвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, а според најавеното требаше да биде готов до септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









