Шилегов: Немам намера да го завршам мандатот без да го направам центарот онакoв каков што треба

Немам намера да го завршам мојот мандат без да го направам центарот онака како што треба. И нема да биде како што сака градоначалникот Шилегов туку решението ќе го изработат еминентни светски архитекти и добитничка на наградата 13 Ноевмри за архитектура Даница Павловска.
– Изгледот на Скопје изминатите 7-8 години е ужасно нарушен. Со новиот концепт кој го најавив за претворање на центарот во пешачка зона ќе бидат опфатените и фасадите на зградата на „Пелагонија“ и зградата на ЕВН. Овие две згради успеавме да ги спасиме од барокот кој им го предвидуваше минатата власт. Сега ќе добијат автентична фасада“, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешната седницата на Советот на градот, одговарајќи на советнички прашања рече дека наскоро во јавноста ќе биде презентиран и концептот за новиот изглед на центарот на Скопје, за што бил распишан меѓународен повик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








