Град Скопје со засилени контроли: Не ги уништувајте спомениците

 

Засилени инспекции и контроли на спомениците, најавуваат од Град Скопје по демолирањето на ознаките и таблите поставени вчера на спомениците. А1.он јавува дека оштетеното ќе биде санирано, а ознаките ќе бидат повторно поставени онаму каде што се отстранети.

 

- Град Скопје ќе го засили надзорот, и апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците, велат од Град Скопје за порталот.

За потсетување, новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена, додека оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега