Албанците во одбрана на Цеца: „Добредојдена е, таа никогаш не била злосторник“

 

После некогашните шпекулации дека Цеца Ражнатовиќ не е добредојдена во Албанија, Ј.Г., бизнисмен од Тирана кој со години летува во Улцињ, го тврди спротивното.

Имено, фолк ѕвездата и тоа како е добредојдена во Албанија и нејзините песни се слушаат по клубови во излегуваат Срби, но и Албанци, вели тој.

Тоа што неодамна Албанското тело за аудио и видео медиуми го предупреди Јавниот сервис поради пуштање песни од Цеца, овој влијателен бизнисмен тврди дека е недозволиво.

„Не знам кому му одговара да се шири омраза и нетрпеливост меѓу нашите народи, но тоа по мое мислење е недозволиво. Со години летувам во Улцињ и имам многу пријатели Срби. Читав дека Цеца е забранета кај нас, но тоа е глупост. Таа никогаш не била злосторник и безсмислено е сега, кога односите ни се подобрени, да се шири омраза“, раскажал овој бизнисмен за Курир.рс

„Не сакам да го провоцирам својот народ, но сакам луѓето да знаат дека вашата пејачка е добредојдена во Албанија. Ако сака, лично ќе ѝ организирам концерт. Се и сешто се случуваше поради политиката, но тоа е минато кое треба да остане таму. Така што, Цецо, добредојде“, рекол тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега