Не му се пишува добро: Русите разочарани од Путин, негативната бројка ги изненади сите
Резултати од анкета спроведена од агенцијата Левада, спроведена овој месец во Русија, покажува незадоволство од Путин.
38 отсто од Русите не го сакаат Путин за претседател и не сакаат да Путин да победи уште еден мандат.
Путин, кој е на власт како претседател речиси две децении, во 2024 година го достигнува уставниот праг од два последователни мандата. Тој беше реизбран минатата година со повеќе од три четвртини од освоените гласови.
Анкетата беше извршена овој месец и во неа е регистрирано зголемено незадоволство од рускиот лидер. Процентот на Руси кои не сакаат Путин да продолжи да управува со државата по актуелниот мандат е најголем во изминатите пет години. Во 2013 година рекордни 45 отсто од Русите не сакаа нов мандат на Путин.
Од друга страна, 54 отсто од анкетираните Руси би сакале Путин да остане на чело на државата, што е зголемување во однос на минатата година, кога тој процент изнесуваше 51 отсто. Само осум отсто од испитаниците не се изјасниле ниту „за“ ниту „против“ нов мандат на рускиот претседател.
„Ќе го видиме мислењето на претседателот откако ќе види пораст на негативниот тренд и мислење за его“ рекол член на организацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа