Шилегов: Универзална сала ќе почне да се реновира кон крајот на годинава и нема да биде во форма на јајце

 

Универзална сала ќе почне да се реновира кој крајот на година, објави САКАМДАКАЖАМ.мк. Град Скопје доби пари од Владата за отпочнување на постапката за реконструкцијата на концертната сала, 14 месеци откако беше потпишан договорот за финансирање меѓу градоначалникот Петре Шилегов и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

 

На последната владина седница беше донесена одлука од програмата на Министерството за култура за капитални инвестиции во општините, на Град Скопје да му бидат префрлени пола милион евра за отпочнување на постапката, а пари за оваа намена Владата ќе одвојува и во текот на наредните години, според динамиката на градење.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека до крајот на годинава треба да бидат завршени сите постапки за избор на изведувач и да почнат подготвителните градежни работи. 

 

„Во финална фаза е изработката на проектот за новиот изглед на Универзална сала. Штом биде готов ќе и биде презентиран на јавноста, но дефинитивно нема да биде проектот кој предвидуваше да биде во форма на јајце. За мене е важно што успеавме концертната сала да ја внесеме во капиталните инвестиции на државата за културните објекти, што значи ќе биде предмет на финансирање и во наредните години. Очекувам во текот на оваа година да започнеме со подготвителните градежни работи, со цел во наредните две години да можеме да ја реализираме и пуштиме во употреба“, вели градоначалникот Шилегов.

 

Според проценките на Градот реконструкцијата на салата би чинела 17 милиони евра, додека изградба на целосно нова сала 12 милиони евра.

Универзална сала е затворена 4 години, односно од 10 март 2015 година кога лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега