Скоро никому не му успева да погоди колку години има Јаземина - изгледа неверојатно и се занимава со моделинг

 

Јаземина Роси има 61 година и изгледа неверојатно добро. Таа вели дека има два едноставни трика благодарение на кои изгледа младо, а тоа се редовно вежбање и здрава исхрана.

„Апсолутно никогаш не јадатм обработена или смрзната храна. Во обзир не доаѓа храна подготвена во микробранова печка. Јадам исклучително органска храна, а најчесто овошје, зеленчук, јаткасти плодови и квалитетно место, најчесто риба“, објаснува Јаземина, баба на две внучиња.

„Два пати се мажев, два пати се разведов, но среќна сум и задоволна со себе, а кога си среќен од тебе зрачи сексипил. Ете, тоа е тајната на мојата младоликост“, порачува оваа баба.

Првата манекенска кариера ја започнала дури кога на 45 години се преселила во САД.

Меѓутоа, иако изгледа неверојатно добро и понатаму од неа се бараат одредени работи, како на пример да ја бојадиса седата коса затоа што „не била секси“. Јаземина на тоа не се согласува и мора да се признае дека воопшто не греши.

„Би ги отстранила само капиларите на лицето. Би сакала само вратот да ми е поубав, но се на се, не се жалам. Годините ги носам достоинствено“, рекла оваа менекенка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега