„Има доста луди и опседнати обожаватели“: Анастасија Ражнатовиќ проговори за манијакот кој ја прогонува Цеца

 

Анастасија Ражнатовиќ веќе некое време не живее со нејзината мајка Цеца, а како што истакна на нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ и паднало тешко нејзиното заминување.

„Тоа е нормално, живееме заедно цел живот, нормално е да и биде криво, мајка ми е. Во еден момент мораше да дојде и тоа кога ќе живеам сама. Од една страна и е криво, од друга страна е горда“ вели Анастасија.

Неодамна во медиумите се појавија и вести дека натрпник упаднал во вилата на Цеца на Кипар и дека ја прогнува Ражнатовиќ истакнувајќи дека таа е негова жена

Младата Ражнатовиќ накратко ја прокоментира ова немила случка.

„Па има многу лудаци, поготово кога си постојано во јавност. Навистина има многу луѓе кои се болни и се опседанти со вас. Се и сешто ми се случуваше, не можем да ги кажам ситуациите, но на социјалните пораки ми пристигнуваат секакви пораки. Никогаш не  обратував внимание бидејќи ги делам луѓето на едни и други. Не можев да кажам дека имав непријатна ситуација, дека некој нешто ми направил, не е, само беа непријатни пораки. Но, тоа се случува и на девојки кои не се познати“ вели Анастасија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега