„Ми рекоа дека сум здрава, но знаев дека не сум“ - пејачката се расплакала на сцена пред публиката
Пејачката Кајли Миног во 2005 година ги откажа сите настапи на фестивалот Гластенбери, бидејќи неколку денови пед концертот дознала дека има рак на дојка.
Иако после редовната контрола ѝ било кажано ека е совршено здрава, Кајли чувствувала дека нешто не е во ред со нејзиноо тело. Посетата на друг доктор ги потврдила нејзините сомнежи.
„Прво ми рекоа дека се е во ред, но нешто ме тиштеше. Не можев да објаснам што е, но одлучив да побарам друго мислење. Некој би рекол дека е подобро да се живее во незнаење, но мене моето незнаење би ме убило“, рекла Кајли во разговор со водителката Елен Деџенерис пред неколку денови.
Пејачката рекла дека после хемотерапијата го победила ракот и дека слави 14 години откако е здрава. Жал ѝ е што нема да има биолошки еца, но рекла дека тоа не значи дека нема да може да бие среќна.
Оваа година таа настапила пред публикта во Глатенбериј каде требала да настапи во 2005 година и заплакала пред публиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа