Змија влегла во амбулантата во Ѓорче - пациентите испаничени избегале надвор

 

Во амбулантата во општина Ѓорче Петров влегла змија, а пациентите испаничени избегале надвор, објави А1он. 

Изутринава, додека имало десетина пациенти кои чекале на ред за преглед, влегла змија во бараката при што настанала паника. Исплашени и со викање истрчале надвор.

Од ДСЗИ кои биле повикани во објектот информираат дека е направен вонреден инспекциски надзор уште во април 2018 година во истиот објект и дека со решение го задолжиле сопственикот ЈЗУ Здравствен дом Скопје за адаптација или реновирање на објектот .

Сепак, бараките не се адаптирани ниту реновирани, а ваквата состојба е речиси идентична во многу здравствени објекти низ државава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега