Полицијата демне на секој чекор - Се „лета" со возилата во Скопје

 

Четириесет возачи изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи под дејство на алкохол и 16 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатите 24 часа се случиле вкупно 10 сообраќајки од кои во четири има полесно повредени осум лица, а во шест е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција сакционирала 37 возачи кои зборувале на мобилен телефон и 21 возач кои не носеле сигурносен појас. Издадени се и 89 мандатни казни, додека со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила заради непрописно паркирање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега