Утре ќе се отстрануваат дивите градби во старата скопска чаршија - казна 5.000 евра за сопствениците

 

Сопствениците сами ги рушат диво изградените тераси во старата скопска чаршија. По извршениот инспекциски надзор, било утврдено дека речиси сите угостители без дозвола поставиле летни тераси, информира Сител.  Казните се по 5000 евра ,а доколку самите не ги отстранат ќе платат и за трошоците за рушење. На последниот ден од рокот кој го изрекоа инспекторите на општините Центар и Чаир, во чаршијата само еден од сопствениците работеше на отстранување. 

Градоначалникот на Чаир на почетокот од неделава предупреди дека нема да дозволи незаконско работење во општината.

 „Градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. По рокот за реакција од страна на самите сопственици, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни.

Пред угостителските објекти ќе останат маси, столчиња, а ќе можат да постават и чадори за сонце велат инспекторите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2019 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега