Вечерала со Путин а сега и се заканува затвор: Проблемот настанал поради една фотографија
Италијанската актерка Орнела Мути се соочува со затворска казна ако не плати отштета бидејќи ги откажала своите настапи во театар, за да присуствува на гала вечера со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот колега Кевин Костнер.
Мути требало да се појави во театар во декември 2010-та година, но рекла дека е болна по што отпатувала во Санкт Петербург.
На лекарско уверение препорачани и било 5-дневно мирување поради проблеми со грлото, кашлање и температура.
Врховниот суд во Италија ја потврдил нејзината условна затворска казна на шест месеци, и парична казна од 500 евра и 30.000 евра отштета за театарот "Верди" во Порденоне на северистокот на Италија.
Откако во јавноста се појавиле фотографии од актерката на иста маса со претседателот Путин, судот поднел тужба.
"Ќе отидев секако. Бидејќи не можев да глумам таа вечер, отпатував. Претставата поразбираше и монолог во текот на кој се вика повеќе од еден час и јас тоа не можев да го направам. Но, оштетен глас не може да ве спречи на присуствувате на вечера", рекла своевремено актерката.
Судот ја предупредил Мути дека ќе оди во затвор доколку не плати оштета
Италијанските медиуми наведуваат дека таа има рок од 30 дена да ја исплати оштетата пред судот да донесе нова одлука и истакнуваат дека е можно да заврши во затвор.
Две години подоцна таа и нејзината ќерка се исфрлени од станот во Рим поради заостанати долгови кон агенцијата за недвижни.
Мути и претходно во руските медиуми зборувала дека има стан во Москва и дека би сакала да има руско државјанство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа