Српската пејачка Кија имаше сообраќајка - Ја однеле на Ургентен
Српската пејачка Кија Коцкар, воедно учесничка и победничка на реалното шоу „Задруга", имала сообраќајка несреќа, пишуваат српските медиуми.
Миленичката на сите жени која сопругот ја изневери во реално шоу, по што стекна огромна слава во регионот, враќајќи се од еден настан со такси возило, имала сообраќајка, кога во таксито се забил друг автомобил.
Српскиот Курир пишува дека пејачката била итно пренесена во Ургентен Центар каде лекарите и констатирале повеќе полесни повреди. Се жалела на болки во главата, а по полноќ била пуштена на домашно лекување.
- Еден човек удри во таксито каде бев јас, а претходниот ден пак бев сведок како прегизија девојка на пешачки. Секој ден се поголем хаос во сообраќајот. Ме боли глава, но добро сум, истакнала Кија.
За потсетување, Кија стана омилена особено кај жените, откако беше изневерена во реалното шоу каде и победи, каде влезе и го гледаше сопругот со љубовницата пред себе, па за многумина беше пример за храбра и борбена жена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа