Пред нас се пеколни денови со 40 степени во плус - внимавајте на клима уредите од кои демне опасен вирус
После обилните врнежи во Македонија најавени се високи температури цела недела.
На лицата со срцеви заболувања им се советува извесна внимателност поради најавените биометеоролошки прилики.
Важно е исто така да се поведе сметка за неколку работи доколку планирате да го вклучите клима уредот.
Важно е да знаете дка и покрај високите температури, климите треба да се подесуваат на 15 или 20 степени.
Постојат здравтвени правила кои треба да се почитуваат.
Најдобро е разликата меѓу надворешната и внатрешната температура да биде седум-осум степени до максимално 10 степени, доколку надворешната температура е екстремно висока.
Секако прв чекор пред користење на клима уредите и нивното чистење, за да се избегне излегување на штетните организми во воздухот кои во најлош случај може да предизвикаат коксаки вирус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа