Станарите во зградата во Кисела Вода во која имаше пожар беа евакуирани еден по еден - извлечени сите зглавени

Еден по еден, пожарникарите ги извлекуваа станарите кои останаа заглавени во своите домови откако изби пожарот во Кисела Вода.
Локализиран е пожарот во Кисела Вода во кој беа опожарени три стана од кои еден целосно. При гаснењето повредени се тројца пожарникари од кои двајца вдишале чад, а еден има повреда на раката. Интервенцијата траеше два и пол часа си во неа учествуваа 11 противпожарни возила.
-Ситуацијата е под контрола, спасени се сите граѓани што беа на шести и на седми кат, спуштени се сите долу и сите се во добра состојба. Имаме тројца повредени пожарникари, едниот има изгореници на десната рака, задржан е на Скопските клиники, а другите двајца пожарникари вдишиле чад затоа што немало доволно воздух за да се отворат прозорците. Сега засега се е под контрола, горе нема никој, изјави командирот на Противпожарната единица Владимир Симоновски.
Според него, се уште не е утврдено која е причината за пожарот, но според првичните сознанија изгледа настанал од кујната.
-Најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација или од нешто слично. Од топлината е пробиен и спротивниот стан од другата страна. Имаше тежок пристап внатре во влезот и беа зафатени два други стана од пожарот. Во становите Имаше седум луѓе, меѓу кои две дечиња, а другите повозрасни и сите се во одлична состојба. Последната жена што е спуштена имала проблеми со дишење, но сега е на лекарства и е во добра состојба. До вечер граѓаните ќе можат да си влезат во становите, влезот е слободен, посочи Симоновски.
Девет пациенти се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради труење од чад во пожарот .
– Тројца пожарникари се повредени. Едниот од нив има изгореници на десната дланка и веднаш е прегледан од пластичен хирург. Другите двајца пожарникари вдишиле чад. Останатите пациенти се станари од зграда, затруени од чад, соопшти Министерствотото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









