Хаос пред натпреварот Македонија- Полска: Уапсени 200 полски навивачи

 

Пред натпреварот меѓу Македониија и Полска на градскиот стадион во Скопје, во рамките на кфалификации за ЕП 2020, повторно нова тепачка во градскиот парк меѓу навивачи на Полска.

Тепачката настанала додека се движеле кон Градскиот стадион, помеѓу две поголеми групи на навивачи, па биле уапсени од страна на полицијата.

Неофицијално, уаспсени се преку 200 полски навивачи, па наместо бодрење на трибините, овие навивачи ќе ја поминат ноќта во станица.

Вчера тие предизвикаа инцидент во центарот на Скопје и се судрија со полицијата, а денес се истепаа меѓусебе во пресрет на дуелот на Арената „Тодор Проески“.

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега