Албанец отишол на операција за намалување на желудник, а после 17 дена починал - полицијата го истражува случајот
Албанецот Спартак Мажи пред две години одлучил да оди на операција за намалување на желудникот во Тирана, меѓутоа се завршило кобно.
Мажи го оперирале двајца албански доктори и еден Грк. На почетокот се се чинело дека добро поминало, но кога излегол од болница, состојбата му се влошила.
Цели 17 дена лежел во болница, а потоа починал. Родителите одлучиле неговото тело да го испрата во Грција на аутопсија. Кога телото било вратено во мртовечница во Албанија, забележано е дека недостасува мозок, срце и делови од стомакот.
Институтот за форензичка медицина соопштил дека поради тоа нема да можат да ја утврдат вистинската причина за смртта на момчето.
Кога родителите случајот го изнеле на суд, обвинителот Петрит Хиса ги отфрлил обвиненијата.
Меѓутоа, после жалбата, Вишиот суд наредил истрагата да се продолжи.
Лекарите се сомневаат дека момчето починало поради лошо зашиена рана при операција која била направена во приватна болница во Тирана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа