Трагедија: Почина 3-годишното синче на славниот пејач

 

Кантри пејачот Гренџер Смит соопшти дека неговиот тригодишен син, Ривер Кели Смит, починал.

„Се работи за трагична несреќа, и покрај обидите на докторот, не можеше да се спаси“ – напиша 39-годишникот на Инстаграм и Твитер.

Иако пејачот не соопштил детали за смртта, наводно детето починало „по трагично давење дома“, пренесува „E! News“.

Гренџер додаде дека заедно со сопругата Амбер Бартлет одлучиле „да си го кажат последното збогум и да ги донираат неговите органи за да им се пружи втора животна шанса на други деца“.

-Рив беше специјален. Секој кој го запозна го знаеше тоа веднаш. Среќата која ни ја донесе не може да се опише, а неговата светлина ќе биде засекогаш во нашите срца, вели Гренџер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега