Внимавајте што постирате на Фејсбук: Фотографијата која денеска многумина ја споделија не е направена во Македонија
Дечково стоеше после Капитол. Браво!!! Сепак некој ќе се подзамисли, пишува под оваа фотографија која масовно се споделува по социјалните мрежи.
Скопјани се пофални зборови и за идејата и за момчето кое држи транспарент со сликовит опис дека до Центар со велосипед би стигнале за 10 минути, за со автомобил за дури 80.
Точно, идејата е одлична, но, реалната слика не е таква како што изгледа.
За жал, оваа фотографија не е од нашиот главен град Скопје, а уште помалку од пред Капитол, како што е претставено на социјалните мрежи.
Вистинската фотографија е од соседна Србија.
06.06.2019 - 21:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа