На ова туристичко место во Грција цените останаа исти како лани - за гиро и пиво ќе ви требаат 5 евра
Сезоната започна, а многумина веќе го испланираа летниот одмор.
Ако летово решите да одморате на плажите во соседна Грција имајте на ум дека цените таму останале безмалку исто како и минатото лето.
Таму нема поважни поскапувања и цените на храна и пијалоци се исти како и претходните години.
Кафето во грчки локали чини од 1 до 4 евра зависно што и каде ќе одлучите да се напиете.
За пиво ќе треба да издвоите помеѓу 3 и 5 евра. Флаша вода од половина литро чини 50 центи, а таа од литар ипол од 1,5 до 1,7 евра.
Цените на лекажлките на Халкидики се движат од 5 до 15 евра, но во летувалиштата во олимпискиот регион изнајмување на плажни реквизити е значајно поевтино. Доволно е да порачате нешто за пиење за да користите лежалка и чадор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа