Денеска е Спасовден-Вознесение Христово: Направете го ова наутро
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 мај.
Денеска е Спасовден – Вознесение Христово.
Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.
Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.
Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.
Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.
Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.
На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.
Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа