Дибиров: Останувам во Вардар, ситуацијата е подобра, клубот ќе биде спасен
Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона, објави Спорт1. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).
Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.
„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.
04.06.2019 - 16:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа