ФОТО: „Не се грижете, добри сме, на здравје“ - ракометарите се освежуваат со пиво во Келн
Ракометарите на Вардар се освежуваат со пиво додека го чекаат авионот за Скопје. Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер порачаа: „Не се грижете, добри сме, се гледаме во Скопје. На здравје!“.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов предмалку најави промена на планот во врска со слетувањето во Скопје на ракометарите.
- Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот - напиша Шилегов.
03.06.2019 - 18:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа