Шилегов: По мое барање ги носиме Вардар дома, да ги пречекаме шампионите

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се огласи за дочекот на Вардар и обезбедениот чартер лет.
- По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје! Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50. Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби. Спортот обединува. Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, напиша тој.
Вардар е европски шампион и тоа по втор пат, пехарот во рацете на спортските херои. Еуфорија и радост во Македонија откако го совладаа противникот со 27-24 и речиси постојано водеа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









